Австралија ќе биде прва земја која го елиминарала ракот на матката на грлото !

Австралија ќе стане првата земја во светот што ќе го елиминира ракот на грлото на матката, стои во нова студија која покажува дека моменталната програма за национална превенција функционира исклучително добро.

0
381

Според тимот предводен од истражувачи од Советот за рак од Нов Јужен Велс, за само две години зачестеноста на рак на грлото на матката ќе биде толку мала, што ќе се смета за редок рак.Тоа, според студијата, значи дека годишно ќе има само шест нови случаи на 100.000 луѓе.

Тимот предвидува дека до 2028 година стапката ќе се намали уште повеќе, на помалку од четири нови случаи на 100.000 луѓе – стапка која би била толку ниска што овој вид рак би се класифицирал како елиминиран.Ако Австралија ги задржи моменталните напори за превенција, до 2034 година ќе има помалку од еден смртен случај на 100.000 луѓе годишно.

Овие бројки се базирани на студија каде што истражувачите искористиле реални податоци за да ја предвидат зачестеноста на ракот на грлото на матката во земјата во периодот меѓу 2015 и 2100 година, врз основа на различни сценарија.

Резултатите се особено значајни имајќи предвид колку чест и смртоносен е ракот на грлото на матката во другите земји во светот.Според Светската здравствена организација (СЗО), тоа е четвртиот најчест рак кај жените и има особено висока стапка на смртност бидејќи има малку симптоми и често не е забележан додека не стане предоцна.

Но, ракот на грлото на матката не мора да биде толку смртоносен бидејќи ги имаме алатките за да го спречиме, само треба на луѓето да им се даде пристап до вистинските видови на скрининг и превенција, што вклучува вакцинација против сексуално преносливиот хуман папиломa вирус (ХПВ). Знаеме дека 99 отсто од случаите на рак на грлото на матката се предизвикани од инфекција со овој вирус, кој е многу чест.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here