Австрискиот канцелар Курц пречекан со погрешно знаме – Владата се извини за грешката !

Австриските новинари кои ја следат посетата на нивниот канцелар беа оние кои забележаа дека на платото пред Владата Себастијан Курц беше пречекан со погрешно знаме.

0
174

Австриското знаме е со правоаголна форма и е поделено на три еднакви правоаголници, црвен-бел-црвен, додека знамето пред Владата беше со потесен бел правоаголник. Дел од присутните на платото пред Владата реагираа дека поставеното знаме наликувало на латвиското, но тоа е со друга, темно-црвена боја.

На прес-конференцијата грешката беше исправена и таму стоеше вистинското знаме на Австрија.Владата на Република Македонија и се извини на Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст при посетата на канцеларот, Себастијан Курц во Македонија.

„Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Латвија“, известија од Владата.

Дека е згрешено знамето, први забележале австриските новинари. Знамето кое пред македонската Влада се вееше во чест на високиот гостин не беше според пропорциите на австриското државно знаме. Австриското знаме има три еднакви ленти, додека закаченото на јарболите пред Владата беше со потесна бела лента на црвена површина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here