Австрија: Една недела по стартот на школската година, 90 заразени ученици со Ковид 19 !

190

Една недела од почетокот на школската година во источна Австрија – Виена, Долна Австрија и Бургенланд, од вкупно 456.000 ученици, 90 се позитивни на коронавирус.Во случај на позитивно тестирање на еден ученик, цело одделение се испраќа во карантин, а потоа дома се тестираат и другите ученици, но мораат 10 дена да останат во карантин и во случај на негативен тест.

Само во Виена од почетокот на училишната година, се регистрирани 70 заболени од коронавирус, а меѓу нив 55 се ученици, шест наставници и девет административни работници во училиштата.

Во Долна Австрија, во изминатите седум дена, во 32 од 1.158 училишта и 1.058 градинки, беа преземени мерки за корона од страна на надлежните органи врз основа на позитивно тестирани ученици или вработени, рече покраинскиот секретар за образование, Кристијана Тешл-Хофмајстер.

Според нејзините податоци, досега се позитивно тестирани 31 ученик, две деца во градинки и 10 педагози.Во провинцијата Бургенланд досега се евидентирани само два случаи на корона болест во образовните институции, а станува збор за еден воспитувач во една градинка и за еден ученик.

Според австриското Министерство за образование, учениците се заразиле во приватно опкружување.