Автопатот Штип Миладиновци на нозе ги крена жителите од Кадрифаково. Надвозникот ги оставил без мир и без вода

0
221

Наместо бенефет, новиот автопат Штип – Миладиновци им носи сериозни проблеми на жителите на светиниколско Кадрифаково. Револтот, денес тие го изразија на протест и јавно зборуваа за маките кои новата траса им ги носи.

Според нив, главниот проблем е промената на минувањето на надвозникот, кој наместо како првично покрај селото, сега ќе минува низ него, поради што, тамошните жители стваруваат дека ќе останат без вода :

  • Aко селото се отсече овде, се прекинува главниот довод на вода. Значи целото село останува без вода, а знаете дека без вода не се живее, кажа жител на село Кадрифаково.

Дополнително, промените им створиле им нови проблеми :

  • Имам проблем. Без известување, дојдоа и ставија колци точно на средина. Кога ќе почнат да работат машините, ќе ми се сруши куќата, вели жител на село Кадрифаково.

Исто така, отануваат и без автобуската посројка, па наместо кај влезот на селото, автобус ќе треба да чекаат на Овче Поле :

  • Ние ќе немаме автобуска станица, нема да можеме да отидеме до Свети Николе на лекар, рече жител на село Кадрифаково.

Според жителите на Кадрифаково, вината за ваквата ситуација е проектантска грешка  :

  • Не знам кој и како го изведвал овој надвозник. Грешка во проектирање, грешка во изведување. Никој не дојде да не праша ништо, тврдат жители на село Кадрифаково.

Помош за итно стопирање на работите и промена на трасата, побараа денес жителите на Кадрифаково од сите надлежни органи :

  • Бараме помош од премиерот, од министерот за транспорт и врски, од директорот на јавното претпријатие за државни патишта да ја стопираат целата работа, истакна жител на село Кадрифаково.

Со овој проблем се засегнати околу 45 домаќинства, односно околу 200 жители на светиниколско Кадрифаково. Сите се едногласни дека проблемот мора да им се реши, а доколку надлежните немаат слух за ова, протестите ќе бидат порадикални.

https://youtu.be/YX_X_pICdF4

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here