Академија Пандев доминантна во Првата лига

0
184

Вчера се одигра третото коло од Првата македонска фудбалска лига. Доминацијата во лигата засега ја задржува Академија Пандев. Струмичани вчера славеа над Шкупи со минимални 1:0, со голот на Димов во 21. минута од средбата, а мечот го одбележа и црвениот картон за Стојчевски во 78. минута. Освен струмичани, вчера на фудбалскиот терен доминираше и Работнички, кој славеше над Победа со 0:2 со головите на Стјепановиќ и Петковски.

Силекс беше посилен од Ренова со голот на Иванов во 86. минута од мечот, а Барсегјан во 41-вата минута од мечот му обезбеди победа на Вардар над Македонија Ѓорче Петров.

На табелата во моментов доминира Академија Пандев со 9 бодови, пред Вардар, Работнички, Силекс и Победа.

https://youtu.be/6g1rAOi8LSc

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here