Ако Хашим Тачи биде прогласен за виновен, може да добие доживотен затвор, за над сто убиства за кои се товари !

79

Главниот обвинител на Специјалното обвинителство во Хаг, Џек Смит, во своето писмо до судијата на претходна постапка Никола Гијолу, објавено на официјалната веб-страница на Специјалниот суд, изјави дека доколку обвиненијата се потврдат, поранешниот косовски претседател Хашим Тачи може да добие доживотна казна затвор.

Смит изјави дека постои страв дека поранешниот претседател на Косово може да избега откако беше објавено непотврденото обвинение, пренесува Косово на Интернет.

Во писмото испратено до судија на претходна постапка, Смит исто така тврди дека Тачи би можел да изврши други кривични дела и да ги попречи посебните постапки и посочи дека обвинувањата потврдени во Специјалниот суд може да доведат до доживотен затвор за поранешниот претседател на Косово.

Ова писмо покажува инсистирање на главниот специјален обвинител дека Тачи требало да биде уапсен и испратен во притвор.