Аларм за здравје. На секои два дена по еден лекар ја напушта државата

0
131

Аларм за здравје. На секои два дена по еден лекар ја напушта државата. Од почетокот на годината 159 лекари побарале потврди од Лекарската комора за да можат да работат во странство. Последните осум години над 1.200 лекари, повеќето млади специјалисти ја напуштиле државата.

Речиси и да нема здравстена институција во Регионот која што не се соочува со недостиг од лекари , особено специјалисти:

„Фали персонал на сите одделенија и тоа не само лекари , туку и среден персонал. Луѓето се преоптеретени“, кажа д-р Ален Георгијев, дир. на Клиничка болница – Штип.

Проблемот особено е изразен во помалите општини кои за кратко можат да останат без специјалистичка помош од одредени области:

„Мораме оваа година да испратиме лице на специјализација за да немаме период без интернист и невролог во Здравствениот дом“, истакна  д-р Марија Глигорова, дир. на Здравствен дом – Делчево.

Според официјални информации од германската амбасада, дневно се доставувата 70-80 апликации за работни визи. Од нив, најмалку 50 се одобруваат. Колку меѓу нив се со лекарски дипломи, точни податоци нема.

Главна причина за заминувањето на лекарите се условите за работа и платите, нешто што државата се обидува да го ублажи :

„Од 01. јануари 2019 год се прават проценки  на средствата кои треба да се инвестираат во зголемување на платите на медицинскиот персонал и кај лекарите платите да достигнат до 100.000 денари“, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Освен лекари,не е мал и бројот на среден медицински персонал кој заминува во странство.

Во Штип, во моментов се едуцираат околу 200 медицински сестри. Каде се уште незавршените кадри ја гледаат својата иднина:

„По завршувањето на училиштето планираме да одиме на факултет и да работиме, странство ни е едно од опциите на која се надеваме“, велат ученици од СОУ „Јане Сандански“ – Штип.

Германија, Хрватска и Малта се државите каде најчесто заминуваат македонските лекари и медицински сестри.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here