Американка под истрага во Германија дека намерно ширела Корона вирус !

150

По брзото ширење на коронавирусот во Гармиш-Партенкирхен, државното обвинителство во Минхен денес отвори истрага против девојка за која се сомнева дека иако била заразена, посетувала угостителски објекти и го проширила вирусот.

„Се сомневаме дека постои свесно прекршување на правилото за самоизолација“, изјави вишата државна обвинителка во Минхен, Андреа Мајер и додаде дека е отворена истрага поради сомнение за сторено казнено дело – нанесување на повреди од небрежност.

26-годишната девојка, инаку американски државјанин кој живее во Гармиш-Партенкирхен, и покрај јасните симптоми на Ковид-19, посетила голем број на угостителски објекти со што заразила повеќе лица.

Во врска со овој случај свој коментар даде и премиерот на Баварија, Маркус Содер кој порача дека станува збор за „очигледен пример на неразумност“. сомничената по тестот на коронавирус требала да биде во карантин. Во Баварија за прекршувањето на правилото за самоизолација се предвидени казни до 2 илјади евра.