Американците го прогласија мртов, но лидерот на исламска држава „воскресна“ со аудио порака и повик на џихад !

За првпат по речиси една година повторно се појави пропагандна порака, за која се вели дека доаѓа од лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади. Во него, џихадистот ги повикува своите следбеници да истрајат.

0
167

Човек претставен како Абу Бакр ал-Багдади во речиси 55-минутна аудио-порака ги напаѓа САД, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати за нивната борба против џихадистичката милиција Исламска држава. Веста беше објавена на релевантни канали на ИД на социјалните медиуми. Лидерот на ИД во пораката ги повика своите приврзеници да продолжат со „џихад“. Ова е прво огласување, кое му се припишува на Ал-Багдади по речиси една година.

Неговата порака по повод празникот Еид ал-Аде со кој се одбележува крајот на аџилакот, доаѓа во период во кој ИД е поразена во Ирак и во Сирија. Тој во неа уште ги повика џихадистите да бидат трпеливи и да истрајат во борбата против непријателот. Гордоста и победата, истакна тој, ќе дојдат, иако по определено време.

Претходната порака на Ал-Багдади е емитувана на 28 септември минатата година. Лидерот на ИД повеќепати беше прогласуван за мртов, но веројатно и натаму е жив, и според зборовите на ирачки претставници се наоѓа на сириска територија во пограничниот регион кон Ирак.

Ирачките разузнувачки служби на почетокот на јули објавија дека синот на Ал-Багдади е убиен во Сирија во руски ракетен напад врз пештерата во која се наоѓал. САД за фаќањето на шефот на ИД распишаа награда од 25 милиони долари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here