Американците со пофални зборови за руската вакцина против Корона !?

133

Руските научници ги објавија резултатите од студијата за вакцината против вирусот корона во меѓународното медицинско списание „Лансет“. Експертите сметаат дека податоците се охрабрувачки, но оти треба да се испитаат кај поголем број луѓе, пишува американскиот портал „Фокс њуз“.

Тестирањето на руската вакцина против вирусот корона покажа добри резултати: антитела се појавија кај сите волонтери за три недели, се наведува во текстот во кој тие ја карактеризираат вакцината како безбедна и наведуваат дека пациентите добро ја прифаќаат.

Според научниците, тие анализирале две варијанти на вакцината, ги замрзнале и ги спакувале за да можат да се транспортираат во слабо достапни области. Вакцината е направена со употреба на хуман аденовирус.

Првичните истражувања покажаа дека пациентите кои примиле вакцина имаат подобар имунитет од оние кои го прележале коронавирусот. Голем пораст на антитела е забележан до 14-тиот ден и понатаму во текот на целото следење.

Во интервју за Фокс њуз, американски експерти изјавиле дека наведените резултати се охрабрувачки.

„Ова е нов детал во сложувалката за создавање успешна вакцина против ковид 19. Резултатите од истражувањето се исти како и во многу претходни студии за вакцини, тие покажуваат дека е безбедна и ефикасна во создавањето имунитет“, изјавил директорот на одделот за заразни болести во болница во Њујорк.