Ансамбли од повеќе земји од светот ќе играат заедничко оро во Истибања

0
473

Ансамбли од 7 земји ширум светот и 5 од Македонија, со заедничкио оро ќе го отворат 33-тото издание на традиционалниот фестивал Истибањско здравоживо. Од утре до среда, Виница и виничани ќе бидат домаќини на квалитетни културно – уметнички друшва :

„Oд Литванија, Турција, Хрватска, Молдавија, Бугарија, Словенија и Косово и секако нашите домашни ансамбли од Битола, Скопје, Русиново и Каменица, предводени од домаќинот ФА Китка од Истибања“, кажа Ивица Димитров, градоначалник на Виница.

Свеченото отворање ќе биде утре, традиционално во село Истибања, каде по заедничкото оро, се предвидени и други активности :

„Во 17:00 часот продолжуваме со дефилето низ центарот на Истибања, кадешто секој ансамбл ќе се претстави со двеминутна програма, а фестивалот свечено ќе биде отворен во 18:00 часот. Потоа продолжуваме со македонската национална вечер, најави Стојко Митковски, уметнички раководител на ФА „Китка“.

Новина од оваа година е што во недела е предвидено симболично зажнејување на ориз, а потоа на плоштадот Ангел Винички сите учесници ќе ги играат танците на народите. Ден потоа, ансамблите гостуваат во Македонска Каменица, за во среда да биде финалето на ова издание :

„Со дефилето започнува од 18:00 часот и фестивалот ќе го затвориме на плоштадот Ангел Винички, со претставување на сите земји учеснички“, дополни Митковски.

Фестивалот Истибањско здравоживо годинава се одржува по 33-ти пат. Од година во година, интересот за учество расте. Само за ова издание се пријавиле над 40 ансамбли од целиот свет.

 tani canada goose kurtka

https://www.youtube.com/watch?v=31cNbuKdxb4&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here