Апелација потврди: Две години затвор за бившиот премиер Груевски !

Две години казна затвор за поранешниот премиер Груевски, потврди и Апелација. Тој на издржување на казната законски би требало да се јави за најмалку две недели. Може да се жали и на Врховен, но тоа не го одложува извршувањето на казната. Груевски обвини за политички прогон и вели дека нема да се ценка со неговиот глас во Собрание за слобода.

0
109
TIRANA, ALBANIA - MAY 28: Macedonian Prime Minister Nikola Gruevski speaks during Tirana Talks at the Vienna Economic Forum in Tirana, Albania, on May 28, 2015. Vienna economic forum is held in the framework of the Berlin summit, where the countries of the region will present their economic projects. Albania, Serbia, Montenegro, Bosnia, Kosovo, Macedonia, and Greece take part in the forum (Photo by Olsi Shehu/Anadolu Agency/Getty Images)

Поранешниот премиер Никола Груевски ќе треба да се јави на отслужување на казната затвор за најмалку две недели според законските рокови. Денеска Апелациониот суд ја потврди пресудата и казната од две години затвор од Основниот суд Скопје за Груевски и ја намали за поранешниот заменик министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски од шест ипол на четири ипол години затвор.

Груевски одлуката на Апелација ја слушна на судското рочиште за предметот Титаник, по што за медиумите изјави дека ова е само уште еден обид за политички прогон.

„Станува збор за обвинение во кое ме обвинуваат дека сум влијаел да се купи возило, со цел покрај другите и јас да сум се возел во него“, изјави тој.

Правниците објаснуваат дека со донесената одлука на скопска Апелација, пресудата од Основниот суд Скопје 1 станува правосилна и извршна, односно тој ќе мора да се јави во затвор.

„Прво му се праќа налог на осудениот, може сам да се јави за издржување, не мора да значи веднаш полиција. Доколку сам не се јави на закажаниот односно определениот датум за издржување на казната според пресудата, судот ќе треба да преземе мерки, односно да го обезбеди за извршувањето. Дали тоа ќе биде преку полиција или друг начин, важно е дека прво се праќа сам да се јави на определен ден во казнено поправната установа каде што треба да ја издржи казната“, објаснува поранешниот претседател на Врховниот суд Дане Илиев.

Според Законот за извршување на санкции, одлуката станува извршна кога по нејзината правосилност не постојат пречки определени со овој закон за извршување на санкцијата.Други оценуваат дека со ова се прави притисок врз опозиционите пратеници за обезбедување на двотретонско мнозинство за референдумот и договорот од Преспа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here