Аријана Гранде станува актерка – Заедно во филм со Џенифер Лоренс, Леонардо ди Каприо и Кејт Бланшет !

68

Откако објави дека нејзиниот нов албум ќе биде објавен пред крајот на октомври, беше објавено дека таа ќе има улога во филмот „Don’t look up (Не гледај горе)“ каде ќе им се придружи на некои од најголемите sвезди во светот!

Како што пишува Deadline , овој филм обединува неверојатно многу големи имиња, а покрај Ари, тука се и Џенифер Лоренс, Леонардо ди Каприо, Кејт Бланшет, Тимоте Шаламет, Кид Куди и Метју Пери!

Кога станува збор за приказната, знаеме дека во нејзиниот центар се наоѓаат двајца астрономи кои прават сè за да го предупредат човештвото дека се приближува астероид што ќе ја уништи планетата!

Филмот e во продукција на Нетфликс, а најголемиот проблем беше да се убеди Леонардо ди Каприо да глуми во него. На крајот, тој го прифати, бидејќи доби гаранции дека филмот ќе се прикажува и во киносалите.