Балканот преговара за отворање на границите без ПЦР тестови !

221

Сите земји во регионот разговараат во еден момент да ги отворат границите со изедначена политика во однос на ПЦР тестовите. Идејата е да се отворат границите без тие тестови. Земјите-членки на ЕУ имаат само препорака, немаат генерална политика на ЕУ по ова прашање и во таа смисла имаат слобода да одлучуваат каков ќе биде режимот на границите.

Со посредство на Американската амбасада во Скопје се разменуваат информации и врз основа на тоа се водат преговори за отворање на границите во секоја од земјите од Западен Балкан плус Бугарија и Грција.