Барселона добива двојно засилување: Вијналдум од Ливерпул и Депај од Лион !

108

Каталонскиот клуб ги започна преговорите за Џорџино Вијналдум (Ливерпул) и Мемфис Депај (Лион).Иако Барселона е фокусиран на продавање играчи, две големи ѕвезди се приоритет на новиот тренер Роналд Куман.

Барса ги контактираше играчите и нивните агенти, разговорите се во тек, информира познатиот италијански новинар Фабрицио Романо. Се очекува во рок од неколку часа да стигнат официјални понуди до екипите на Ливерпул и Лион.

Доколку Вијналдум оди на „Камп Ноу“, Редси веднаш ќе започнат преговори за обезбедување на услугите на Тиаго Алкантара.

Првите луѓе на Барселона се надеваат и се убедени дека можат да ги завршат двата трансфери за помалку од 50 милиони евра.