Барселона ќе ги игра без Гризман последните два натпревари, поради негова повреда !

109

Францускиот напаѓач Антоан Гризман најверојатно ќе ги пропушти последните два натпревари во Ла Лига.

Гризман беше повреден на натпреварот против Ваљадолид. Неговиот квадрицепс е повреден и според првите информации, неговиот настап на последните два натпревари е под големо прашање.

Ако ова навистина испадне дека е крај за Гриеман, тој оваа сезона ја заврши во Ла Лига со учинок од девет гола и четири асистенции на 35 одиграни натпревари.Малку за еден човек за кој се платени 120 милиони евра.