Берлускони го победи Корона вирусот кој го добил на Сардинија !

28

Силвио Берлускони, поранешниот прв човек на Милан, а сегашен сопственик на Монца, извојува уште една победа во својот живот, откако денес беше пуштен од болница по 10-дневното лекување од коронавирус.

83-годишниот контроверзен спортски работник на 4 септември беше пренесен во градската болница во Милано, откако добил позитивен тест за ковид-19. Но и покрај тоа што развил пневмонија и се сметал за пациент со висок ризик поради неговата возраст и постоечката медицинска состојба, која вклучува проблеми со срцето, успеа да се извлече и денес со насмевка ја напуштил болницата.

„Го надминав можеби најтешкиот предизвик во мојот живот. Можам гордо да кажам дека дури и овојпат успеав да се извлечам“, изјавил 83-годишниот Берлускони, откривајќи дека се борел со опасен случај на коронавирус.

Се верува дека Берлускони се разболел од вирусот додека бил на одмор во неговата вила на Сардинија.