Бесплатни вакцини за лицата постари од 65 години

0
89

Бесплатни вакцини против сезонскиот грип за граѓаните со над 65 годишна возраст, кои примаат пензии до македонскиот просек или под него, се вели во информацијата од Министерството за здравство.

За таа пригода наменети се 28 илјади дози од предвидените 48 илјади наменети за оваа сезона. Цената на останатите 20 илјади вакцини ќе биде повисока од досегашните 400 денари, бидејќи годинава ќе се аплицираат четиривалентни, наместо досегашниот тип на тривалентна вакцина. Новиот тип на вакцини е во согласност со препораката на СЗО и Европската медицинска агенција.

Од надлежното министерство појаснуваат – за оваа постапка се издвоени 13,3 милиони денари. Новина во овогодишната акција на превентивно вакцинирање на грагаѓните против сезонскиот грип е и промената на тајмнигот на вакцинирање. Истиот е детерминиран за крајот на октомври, а не како досега во неговата средина.

За потсетување, лани против сезонски грип на македонскиот Исток превентивно се вакцинираа 4.000 граѓани, од кои 1700 штипјани. За илустрација, лани во Кочани се вакцинирале 900 грагаѓани, во Делчево и Македонска Каменица 500, во Виница 450, Берово стотина граѓани помалку 350 и во Пехчево 200. Инаку, најголем број на дози од вакцините ќе се испорачаат во Скопје, 10.000. За Штип дополнително ќе биде утврден бројот на вакцини.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here