Бесплатни систематски прегледи за сиромашните во Кочани

0
61

 

Општина Кочани ја прошири листата на услуги во Програмата за социјална, детска и здравствена заштита. Најранливите категории  граѓани, годинава ќе може да искористат бесплатно два вида лабораториски услуги: основни контроли и посебни анализи за откривање рак на простата и рак на дебелото црево.

Посебните анализи со тумор-маркери на простатата и на дебелото црево се земени според процентот, односно растот на заболени од овие болести во општината.  Мерката е донесена со цел да се превенираат тешките болести кај социјално – ранливите групи.

Финансиската помош за анализи и лабораториски услуги за рано откривање на болести е во висина од 2.000 денари по барател, а општината за оваа намена за годинава определи 30.000 денари.

https://www.youtube.com/watch?v=Jmwm4qpy89c&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here