Бившата министерка Јанкулоска спроведена во затворот Идризово !

91

Екс министерката Гордана Јанкулоска од синоќа е во затворот „Идризово“, каде што треба да одлежи 4-годишна затворска казна. Од вечерва, па во следните 14 дена, таа ќе биде во посебно одделение, кое во затворот функционира од март, како заштита од Ковид-19. Потоа ќе се смести во едно од трите одделенија, во зависност од проценката на стручниот тим.

Во следните 14 дена затвореничката ќе биде во новото одделение, создадено како превентива и заштита од Ковид-19, за сите кои влегуваат од надвор, а потоа ќе биде сместена во едно од трите женски одделенија, затворено, полуотворено или отворено одделение.

Стручен тим во следните денови ќе прави проценка, меѓу кои и безбедносна, од која ќе зависи каде ќе биде сместена