Битолчанец направил голема измама во Штип. Општината ја излажал за 22 милиони денари, а банка за 1,7 милиони евра

0
896

Битолчанец направил голема измама во Штип. Општината ја излажал за 22 милиони денари, а банка за 1,7 милиони евра.

Битолчанецот со иниицјали Љ.А. на возраст од 61 година во Штип поседувал одредени објекти и до Општината поднел барање за приватизација на земјиштето под нив. Во постапката, ги поднел сите неопходни документи, но не и документ од Основен суд во Велес, каде се водела постапка за конфискација на имотот под кои тој сакал да го приватизира земјиштето.

Без да знае дека објектите се во постапка на конфискација, општината дозволува приватизација на земјиштето по повластена цена од 1 евро за м/2. Со оваа одлука, битолчанецот платил само три милиони денари. Доколку го доставел документот, за приватизација на земјиштето тој ќе требало да плати 25 милиони денари, што значи дека во општинската каса требало, но не завриле 22 милиони денари.

Со истиот имот, битолчанецот успеал да измами и банка. Имено земјиштето и објектите тој ги приложил како залог  со што од банката добил кредит од 1,7 милиони евра. Секако и овде не кажал , дека имотот со кој гарантира обештетување на банката во случај да не го врати кредитот, всушност, ќе му биде конфискуван.

Поради ова, СВР- Штип до Основното јавно обвинителство Битола  поднесе кривична пријава против Љ.А.(61) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела ,,Измама при добивање кредит или друга поволност“ .

 

 

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here