БиХ: Стечајни работници отишле под стечај !?

107

Луѓе што управувале со стечајните постапки во Босна и Херцеговина и самите се најдоа во стечај, пишува Индикатор.ба.Општинскиот суд во Сараево отворил стечајна постапка против Здружението на стечајни управници во БиХ.

Стечајната постапка беше покрената на рочиштето одржано пред еден месец, на барање на Здружението на стечајни управници, пренесоа Пословне новине.

Доверителите се поканети да ги пријават своите побарувања до судот во рок од 30 дена од денот на објавувањето на отворањето на стечајната постапка. Рочиште за испитување на побарувањата е закажано за 23 ноември годинава, пишува порталот.