БК Олимпија со 8 медали на „Љупче Црвенкоски 2018“

0
177

Меѓународниот меморијален турнир „Љупче Црвенкоски 2018“ во Прилеп беше домаќин на над 100 млади борачи од Македонија, Унгарија, Бугарија, Србија и Косово.

Штипскиот борачки клуб Олимпија настапи со 10 свои натпреварувачи.

Со златен медал се закити Андреја Нисева во категорија до 40 килограми.

Сребрени беа Анастасија Трајчева во категорија деца – девојчиња до 26 килограми, а Леон Стојанов во категорија до 38 килограми, Никола Трајчев до 44 килограми, Стефан Зашков до 57 и Кире Малчев до 85 килограми се стекнаа со сребра во категорија пионери, односно деца – момчиња за Леон Стојанов.

Бронзени меѓу борачите на Олимпија завршија Александар Марковски до 57 килограми, како и Дамјан Зафиров до 68 килограми.

Во финалната борба на талентирани 8-годишни деца, борачот на Олимпија, Давид Јанакиев, во категорија до 24 килограми стана победник.

Екипата на Олимпија беше предводена од тренерите Здравко Коцев, Кире Нисев и Гордан Николов.

https://youtu.be/UXKgfK3P1XQ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here