Блумберг, бившиот градоначалник на Њујорк, спремен да ги потроши сите 50 милијарди долари, за Трамп да не биде пак претседател !

211

Се чини дека на претстојните претседателски избори во САД, актуелниот американски претседател ќе добие конкуренција „од свој ранг“, односно ќе се соочи со милијардер.

Американскиот претседателски кандидат, Мајкл Блумберг кој е еден од најбогатите луѓе во САД (На 8-мо место според „Форбс“), порача дека е подготвен да ги потроши „сите свои пари“ за да спречи Доналд Трамп повторно да победи на претседателските избори.

Сепак, многумина ваквата изјава на Блумберг ја протолкуваа како негов обид за „купување“ на победата на претседателските избори во Соединетите Американски Држави кои се закажани за оваа година.

Како и да е, во последниве неколку денови телевизиските канали и социјалните мрежи во САД се преплавени со негови спотови и пораки, што сугерира дека е сериозен, посебно кога мисли на трошењето на неговите ривали. Имено, Блумберг за само нешто повеќе од еден месец откако ја стартуваше својата кампања, потроши повеќе од сите негови ривали од редовите на Демократите.

„Приоритет број 1 е да се справиме со Доналд Трамп. Ќе ги потрошам сите мои пари за тоа“, порача Блумберг.

Мајкл Блумбер, поранешен градоначалник на Њујорк (од 2002-ра до 2013-та година) е основач на големата медиумска мрежа “Bloomberg News”, а имотот му се проценува на вртоглави 50 милијарди долари.

Доналд Трамп исто така е тајкун од Њујок, а неодамна американскиот претседател, откако Блумберг најави дека ќе се вклучи во трката за претседател на САД изјави: „Ги нема тој тие магии за да помине добро. Малиот Мајкл го очекува пораз“.