Home Популарно Болна приказна од Пробиштип. Мајка се бори со канцер, а семејството е...

Болна приказна од Пробиштип. Мајка се бори со канцер, а семејството е без храна и струја

Болна приказна од Пробиштип. Мајка е болна од канцер, а семејството е без храна и струја.

Тешката сиромаштија четиричленото пробиштипско семeјство ја живее со години, но состојбата станала алармантна откако на Даниела Стојовска и е дијагностициран канцер. Сега таа и нејзиното семејство, сопругот Стојче и двете малолетнио деца, освен сиромаштијата имаат уште една голема неизвесност и мака:

„Примам хемотерапија,треба да примам лекови некои се купени за некои немам пари. Нема ни кој да помогне“ изјави Даниела Стојовска, Пробиштип

Ова семејство веќе 7 години живее без струја, неодамна голем дел од куќата им изгоре во пожар, па сега имаат само една соба која е во многу лоша состојба.

Дури и социјалната помош што некогаш ја добивале сега им е укината: 

„Со 4950 живееше сега на жена ми неможеме да и направеме и личната карта и идентитет. Без нејзината лична карта не можеме ништо да земеме и документ и социјално“ изјави Стојче Василевски, Пробиштип

Освен Даниела болен е и сопругот Стојче, кој има проблем со срцето, белите дробови и поминато операција на р’бетниот столб. И покрај тоа се обидува да најде некоја работа, да има барем за леб:

„Немам никаде а сакам да поработам некаде каде што има потреба дали на некое лозје, или дрва да можеме да обезбедеме барем храна за децата“ изјави Стојче Василевски, Пробиштип

Но сиромаштијата и болестите  притискаат се повеќе, па ова семејство е докарано до работ. Без помошта на институциите и луѓето, за нив спасот  е неизвесен:

„Да ни помогне градоначалникот, хуманитарни организации кој колку може нека помогне“ изјави Даниела Стојовска, Пробиштип

Сите оние кои имата можност или сакаат да им помогнат на Даниела и Стојче и на нивните деца, тоа можат да го направат со уплати на следнава сметка 3295002251 – 3487  Централна и кооперативна банка на име Стојче Василевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Белгија го заврши фудбалското првенство пред време – Бриж нов шампион !

Белгија е првата земја во Европа чија фудбалска федерација ќе донесе одлука што да се прави со првенството и покрај тоа што...

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос донираше 100 милиони долари за храна !

Џеф Безос и неговата компанија Амазон, како дел од борбата против корона-кризата, ќе донира 100 милиони долари за сиромашните и најранливи групи...

Над 12.000 луѓе конкурирале за астронаут на НАСА и сакаат да бидат дел од новата мисија на месечината !

Над 12.000 луѓе се пријавиле да станат астронаути во новата програма на НАСА Артемис, објави американската вселенска агенција. Ова...

50 % од луѓето можат да го имаат Корона вирусот, но да немаат никакви симптоми, но ќе го пренесат на други !

Повеќе нови сознанија покажуваат дека луѓе без симптоми го поттикнуваат ширењето на корона вирусот, поради што во САД се разговара на високо...

Заради криза со вирусот на западот, кинескиот бизнис во опаѓање – Се бараат само заштитни маски !

Како што глобалната пандемија го зема својот данок кај извозно ориентираните производители, така се намалуваат и кинеските надежи за брзo економскo опоравување...