Борисов му порача на Заев два пати да размисли пред да каже нешто за Илиден !

0
79

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, по речиси една недела одговори на прозивките во својата земја во врска со изјавата на Зоран Заев дадена на 4-ти месецов дека Илинденското востание е македонско. Борисов порачува дека треба два пати да мисли пред да рече нешто, бидејќи, како што вели тој, доаѓа време кога земјите членки на ЕУ ќе одлучуваат за судбината на Македонија.

-Ги оставам сите да ги премеруваат своите приказни, тоа е на негова сметка. Без разлика дали го кажал тоа намерно или ненамерно, се оди на негова сметка, бидејќи кога станува збор за ЕУ и ние мораме исто така да дадеме согласност, а ние  во тие моменти ќе се сетиме на тие работи. Мој совет е да се биде повнимателен – рече Борисов.

Претходно лидерот на социјалистите во Бугарија, Корнелија Нинова, го критикуваше Заев и го повикуваше Борисов да реагира за изјавата.

„Моето лично пријателство со Заев, идеите што ги споделуваме и заедничката работа помеѓу БСП и СДСМ, заедничката иднина на двете земји како дел од ЕУ и НАТО се многу важни и ги негуваме овие цели, но историските факти се друго нешто и не смеат да бидат игнорирани и занемарени“, порача таа.

По се изгледа, толку од Илинденската љубов меѓу Заев и Борисов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here