Борисов оди во карантина откако шефицата на неговиот кабинет има Корона вирус !

84

Бугарскиот премиер Бојко Борисов заминува во карантин откако шефицата на неговиот кабинет Деница Желева покажа позитивен тест на коронавирусот.Борисов како што пренесуваат тамошните власти е негативен на првиот тест, но сепак наредниот период ќе го помине во превентивен карантин.

Покрај Борисов, тестирани се и сите членови на бугарската делегација која неодамна во Брисел учествуваше на самитот на Европскиот совет.

Во Бугарија изминатиот период има близу 10 илјади заболени и 330 починати од вирусот.