Брегалница гостува на Тиквеш

0
124

По поразот минатото коло од велешки Борец на свој терен, екипата на штипска Брегалница својот натпревар од петтото коло го игра на гости кај Тиквеш.Самите играчи знаат дека оваа екипа е доста квалитетна и е конкурент за висок пласман,но претседателот на ФК Брегалница Елмир Мандак верува дека штипските сини од Кавадарци ке се вратат со цел плен,а тоа се трите бода.

„Очекувам голема борба, знаеме дека Тиквеш е многу квалитетна екипа и имаат искусен тренер“, истакна Елмир Мандак – прет. на ФК Брегалница.

Шефот на стручниот штаб Емил Грнев знае за каков противник се работи,ја анализирал нивната игра, ги знае слабостите на Тиквеш и верува во своите играчи.

„Сите сме максимално спреми, подготвени за утрешниот натпревар, не очекува тежок натпревар но сепак се надевам дека ќе дојдеме до посакуваната победа“, кажа Емил Грнев, шеф на стручен штаб.

Играчите се самоуверени и веруваат во победа.

„Ни останува да излеземе, да одиграме еден добар натпревар и мислам дека победата нема да изостане“, рече Иван Митров – фудбалер на ФК Брегалница.

Инаку Брегалница се наоѓа на второто место на второлигашката табела со 9 бодови 3 победи и еден пораз, додека Тиквеш е 6-ти без пораз со скор од 1 победа и 3 нерешени.


LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here