Брегалница и Кит-Го изедначени пред дербито

0
39

Двата силни претставници во Втората лига од Источниот регион, Брегланица и Кит-Го, колово се изедначија по бројот на бодови.

Кит-Го во Пехчево славеше над Вардар Неготино со 2:0. Штипјани, пак, на гостувањето кај Партизан Обрешани славеа со 1:2, па сега двата клубови се прилично изедначени на табелата со ист број на бодови, 22.

Од останатите второлигаши, Тиквеш славеше над Плачковица со 4:2. Детонит беше поразен од Кожуф со 1:3, а Саса загуби од Борец со 1:2.

На табелата лидер е Борец со 28 бодови. Втор е Тиквеш со 24, пред Брегалница и Кит-Го со по 22. Кожуф има 19, Плачковица 11, а Партизан 10. Последните три позиции ги држат Вардар Неготино и Саса со по 6 бодови и Детонит, на самото дно, со само 4 бодови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here