Брегалница се враќа во игра. Ремито Кит-Го го чинеше втората позиција

0
138

Осмото коло од Втората лига Исток помина со посакувани резултати за претставниците од регионот.

Иван Митров беше херојот на Брегалница во Штип, откако на сините им ја обезбеди првата победа по резултатската криза во која западна клубот последните неколку кола.

Дебитирањето на Зоран Штерјовски на клупата на Брегалница вроди со плод, па Митров најпрво во 16-тата минута од мечот постигна за 1:0 против стабилната Плачковица, а резултатот се задржа до 67-мата минута, кога повторно Митров стрелаше за 2:0 и конечна победа на Брегалница.

Најголемо внимание привлече дуелот меѓу Кит-Го и Борец. Силниот Кит-Го се соочи со искусниот Борец, а дуелот заврши со изедначени 1:1, кои на ривелите им донесе по еден бод, но Кит-Го го чинеше губење на втората позиција на табелата.

Саса во Радовиш ремизираше против Детонит со 2:2.

На табелата прв е Борец со 22 бодови. Втор е Тиквеш со 18, пред Кит-Го со 17 бодови. Четврт е Кожуф со 15, пред петтата Брегалница со 13. Плачковица е шеста со 7, пред Неготино и Патизан Обрешани со по 6, Саса со 5 и последниот Детонит со 4 бодови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here