Home Регион Британците бараат 10.000 доброволци за тестирање на вакцина против Корона вирусот !

Британците бараат 10.000 доброволци за тестирање на вакцина против Корона вирусот !

Универзитетот Оксфорд и мултинационалната компанија АстраЗенека ќе регрутира околу 10.000 возрасни и деца во Британија за тестирање на експериментална вакцина за коронавирус. Институциите ширум Британија почнаа со регрутација на 10.260 испитаници за да утврдат како имнолошкиот систем реагира на вакцината и колку е безбедна, објави Универзитетот.

Истражувачите првенствено бараат здравствени работници и припадници на други дејности кои работат со луѓе за да добијат јасен сигнал за успешноста на вакцината зошто тие сектори се среќаваат со заразени во секојдневната работа.

Првата фаза од експериментот почна на 23 април и низ неа поминаа над 1.000 волонтери на возраст меѓу 18 и 55 години, а Оксфорд соопшти дека во втората и третата фаза ќе учествуваат луѓе постари од 56 години, како и деца меѓу 2 и 5 години.Но успешноста на вакцината ќе биде позната дури за два до шест месеци, објави Оксфорд.

АстраЗенека веќе договори масовно производство на вакцина со Велика Британија и САД ако таа се покаже како делотворна и безбедна.

Во четвртокот беше објавено дека АстраЗенека од американските власти добила милијарда долари за развој на вакцината, со што САД си обезбеди 300 милиони дози за своите сограѓани. Американското министерство за здравство прецизираше дека ќе исплати до 1,2 милијарди долари по пат на приватно -јавно партнерство за развој на најмалку 300 милиони дози со првите испораки во октомври 2020.СЗО на 15. мај објави дека моментално врз луѓе се тестираат осум вакцини.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Короната ги откажа манастирските ручеци за Спасовден

Короната и посебните мерки за безбедност ги откажаа манастирските ручеци за големиот христијански празник Спасовден. Иако овој ден како своја слава го...

Короната во Штип не застанува. Денес нови 9 случаи

Короната во Штип не застанува. Денес се откриени нови 9 случаи на позитиовни на ковид 19. Од нив, 7 се вработени во...

Карбинци решава клучен проблем. Започна градбата на пречистителната станица

Карбинци решава клучен проблем. Започна градбата на пречистителната станица . 105,3 мил. денари е вредна идната пречистителна станица во карбинската општина...

Спасовски од Карбинци го повика ВМРО на разумност

Тех. премиер Оливер Спасовски денеска од Карбинци каде што беше по повод денот на општината, го повика ВМРО ДПМНЕ на разумност и...

Инспектори ќе ги едуцираат угостителите

Инспекторски тимови во наредните 10 дена активно ќе ги едуцираат угостителите за примена на протоколите за спречување на коронавирусот...