Бронза за Жарко Арсовски на „Трофеј на Белград“

0
69

Бронзен медал е епилогот од настапот на штипскиот карате репрезентативец Жарко Арсовски на настапот на меѓународниот турнир „Трофеј на Белград“.

Арсовски, кој настапува во категорија над 84 килограми настапи во вкупно 5 борби, а во борбата за медалот се соочи со репрезентативец од Русија, над кој доминираше со 1:0.

Македонската репрезентација заработи и два сребрени медали, еден во екипна конкуренција, а другиот го заработи Фери Исиќ, кој настапи во кати.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here