Брука и срамота: Српските пејачки Цеца, Лепа Брена и Неда Украден спијат на милиони, но побарале 750 евра државна помош за плати !?

561

На почетокот на пандемијата Србија одлучи на малите и средни претпријатија да им уплати трпати по 250 евра за април, мај и јуни, со цел полесно да ја издржат финансиската криза заради воведените мерки.

Српските естрадни ѕвезди одлучиле да ја искористат финансиската помош која им ја понудила државата поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, а која за три месеци изнесува 90.000 динари (750 eвра) зa еден вработен.

На почетокот на пандемијата Србија одлучи на малите и средни претпријатија да им уплати трпати по 250 евра за април, мај и јуни, со цел полесно да ја издржат финансиската криза заради воведените мерки.

Оваа привилегија ја искористија и бројни пеачи, односно сите оние кои имаат регистрирано компании на свое име.На листата на оние кои добиле пари од државата се Цеца Ражњатовиќ, Неда Украден, Владо Георгиев, Саша Поповиќ, „Гранд“, Лепа Брена, Николија Јовановиќ, Реља Поповиќ, Теодора Џехаровиќ, Стефан Ѓуриќ Раста, Драган Којиќ Кеба.

Цеца од државата побарала исплата на минимална плата за петмина вработени. Месечно тоа е 1.250 евра, односно 3.750 зa целиот период.

Неда Украден на 16 април отворила наменска сметка во банка преку која државата ќе и уплати трипати по 250 евра. Истото го направиле и Драган Којиќ Кеба, Николија Јовановиќ, Реља Поповиќ и Теодора Џехаровиќ.

Лепа Брена добила помош од 5.250 eвра затоа што во нејзиниот објект за хамбургери „Биг Рори“ има седум вработени, вклучувајќи ја и таа како сопственик.