Бугарија: Бојко Борисов, вози автомобил и на фејсбук дели совети за демонстрантите !

121

Бугарскиот премиер Бојко Борисов објави видео на својот Фејсбук профил каде го вози својот автомобил и вели дека секој ден може да се види што се е сработено и колку напред е стигната Бугарија.

Тој дополнува дека тоа е единствениот начин да им се одговори на лагите и невистините кои ги продуцираат луѓе што на времето го молеле да бидат негови соработници.

Борисов за протестите вели дека се израз на демократија, но според него, тие не смеат да ги загрозуваат основните права на останатите граѓани.

„Кој сака, нека протестира, Но, дали е демократски на ваков начин да се нарушуваат нечии права? Дали е во ред да се напаѓаат и да провоцираат полицајците? Нека има протести, но да не се затвораат крстосници, да не се попречува нормалниот живот на луѓето“, вели Борисов.

Тој на крајот вика дека изборите ќе бидат демократскиот начин на смирување на состојбата.

„Догодина има избори. Кој ќе победи, тој ќе ја води државата. Ете, тоа е демократија“, заклучува тој.