Бугарија: Бојко збори, луѓето не го слушаат – Остануваат на улица се додека не си поднесе оставка !

99

Илјадници луѓе продолжуваат со протести во градовите низ Бугарија веќе трета недела за да бараат оставка на владата на премиерот Бојко Борисов и на главниот обвинител Иван Гешев.

Демонстрантите блокираа неколку големи крстосници во Софија за време на работното време, со што сообраќајот беше скоро во застој. Демонстрантите ја обвинуваат владата дека одржува врски со мафијата, одбива да се бори против корупцијата и да го реформира судството и ја потиснува слободата на говорот. Тие велат дека Борисов не сторил ништо за да ја спречи корупцијата.

Вчерашните протестите во Софија и другите градови беа поголеми отколку претходните денови, а учесниците во Софија ветија дека ќе останат на улиците сè додека не се исполнат нивните барања. Оние што пристигнаа од другите делови на Бугарија беа повикани да донесат шатори, ќебиња, вода и храна како подготовка за продолжување на протестот.