Бугарија: Доверливи документи за купување на американски авиони завршиле во Русија ! Се бара шпионот кој ги доставил !

153

Русија сака да спречи Армиите во поранешните земји на социјалистичкиот блок, а сегашните членки на НАТО, да купуваат и да се вооружуваат со американско оружје, поради што бугарскиот претседател Румен Радев инсистира на купување шведски борбени ловци од типот Грипен кои не се компатибилни со авионите на НАТО, сметаат во Атлантскиот совет на Бугарија.

Претставникот на Советот Огњан Минчев смета дека акцијата која оваа лето беше извршена за да се испита работењето на администрацијата на претседателот, а која заврши со апсењето на неговиот советник и секретар, се должи и е поврзана со сомневањето дека некој од нив можел да и предаде на Русија тајни информации од договорот за купување Ф-16.

Јас не сум експерт и информациите што ги имам се неофицијални. Но тој дел од документацијата содржи описи на радарските способности на борбените ловци кои поседуваат најсовремени технологии. Се надевам дека за време на компетентната истрага, оваа информација ќе биде или потврдена или демантирана, изјави претставникот на Атланскиот совет.

Да потсетиме, кога на 9 јули беше извршен претрес во зградата на претседателската администрација, поранешниот министер за одбрана Николај Ненчев исто така изрази сомнеж дека претресот може да биде поврзан со фактот дека Радев на „заинтересираната страна“ и го предал тајниот дел од договорот со САД за набавка на Ф-16.

Минатата година американскиот Стејт департмент одобри купување на осум борбени авиони Ф-16 и дополнителна опрема за Бугарија, проценета на 1,67 милијарди долари.