Бугарија со ултиматум: До 10 ноември договор или блокада за Македонија !

307

Борисов бара компромисно решение меѓу Скопје и Софија да има до 10 ноември, датумот кога ќе се одржи Берлински процес а на кој копретседавачи се Македонија и Бугарија.

  • Вашите граѓани треба да знаат дека во Бугарија имате и сте имале најголема поддршка и дека ние само треба да ја направиме историјата мост на пријателството и блискоста, а не скршен мост на кој Република Северна Македонија не може да помине. Значи тука не треба да има политички игри. – изјави Борисов.

Остра во изјавите и шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева. На прашањето за Бугарскиот Меморандум и оспорувањето на македонскиот јазик , таа одговори дека Македонија треба да ги признае историските реалности, поврзани со процесот на создавање на новиот национален идентитет.

  • Навистина сум зачудена што овој меморандум се доживува како нешто изненадувачко. Немаме ништо против македонските граѓани да се самоопределат како сакаат. Имаме договор во кој има клаузула за јазикот и сакаме така да се третира. Немаме никакви нови претензии. Апелирам и се надевам да не се создаваат проблеми таму каде што ги нема. – изјави Захариева.

Бујар Османи порача да не се загрозува сегашноста, а двете страни, македонската и бугарската да и дадат шанса на иднината. Се потврди и датумот за средба на историчарите. На 15 и 16ти октомври Комисијата за историски прашања ќе седне на маса да ја продолжи работата, а веќе е јасно дека Делчев е спорната историска личност за која ниту една од двете страни засега не попушта.