Бугарска новинарка убиена во Русе !

Бугарска новинарка е убиена во северниот бугарски град Русе а убиството предизвика меѓународна осуда.

0
172

Новинарката Викторија Маринова била убиена вчера попладне. Во оваа фаза не е јасно дали жртвата била и силувана, бидејќи сè уште не е подготвена судска експертиза, пренесе БГНЕС.

Телото на 30-годишната Маринова, идентификувана од страна на властите само со нејзините иницијали, било пронајдено во паркот , рече регионалниот обвинител на Русе, Георги Георгиев. Нејзината смрт била предизвикана од удари по главата и задушување, а нејзиниот мобилен телефон, автомобилски клучеви, очила и дел од нејзината облека се исчезнати, рече тој.

Георгиев исто така рече дека обвинителите ги испитуваат сите траги, иако полицијата соопшти дека злосторството не изгледа директно поврзано со работата на Маринова.Викторија Маринова, пред да биде убиена, известуваше за наводната злоупотреба на фондовите на ЕУ, вели Политико.

Претставникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Харлем Дезир, го осуди убиството на Твитер.Локалните медиуми објавија дека Маринова била административна директорка на телевизијата ТВН во Русе и штотуку започнала свое сопствено ток-шоу „Детектор“.

Бугарскиот претседател Бојко Борисов порача дека е само прашање на време кога ќе биде фатен убиецот на Маринова.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here