Буџетот на ЈП Исар од Штип за идната година е речиси 4 милиони евра.

457

ЈП Исар од Штип идната година ке располага со рекорден буџет од 230 000 000 мил. денари или близу 4 милиони евра. Исар според сите параметри годинава работеше добро но сега прашањето е како парите на граганите ке се трошат идната година?
„Најголемите инвестиции ќе бидат во делот на водовод и канализации ,каде што инвестициите во водоводни и канализациони мрежи ќе бидат 17 милиони заедничко со програмата за заедничко уредување ,посебно програмата на ЈП Исар за уредување ,тоа е за нови водоводни и канализациони линии изнесува 9 милиони и 500 илјади денари тука може да додадеме и реконструкција на бунарите и резервоарите околу 5 милиони и 500 илјади ,значи вкупно околу 32 милиони е само водоводот и канализацијата и бунарите 37 милиони само во водовод и канализација“изјави Живко Тасев директор на ЈП Исар
Значаен дел од предвиденит буџет Исар идната година ке инвестира во нови зелени површини и подигање на нивото на одржување на постоечките.
„ЈП Исар и о. Штип издвоија околу 30 милиони денари за уредување на парковите површини, формирање на нови паркови површини и одржување на спортските терени.Веќе во текот на наредната недела ќе започнеме со уредување на коритото на р. Отиња ,во текот на 2020 година е планирано формирање на една поголема зелена површина за жителите на нас. Сењак“изјави Јасмина Петешева ЈП Исар
Речиси 100 000 евра идната година ке бидат насочени за онбовување и на возниот парк. Ке се купува она што е ургентно потребно.
„Во водовод и канализација околу 5 милиони и 500 илјади за набавка на нови возила ,тоа значи едно возило приклучна машина за отпушување на канализација ,а другите ќе бидат теренски возила .Други инвестиции во комунална хигиена ,набавка на едно возило ,за исфрлање на отпадоци од контејнери од 1,1 метар кубен“изјави Живко Тасев директор на ЈП Исар
Исар оваа година реши голем број граѓански прблеми во проекти кои беа и скапи и тешки за изведба. Наредната година во програмата за работа во делот на водовод и канализација влегуваат населбите Чардаклија, Балканска, Македонка и уште неколку други а Инвестициите се поголеми од било кога.