Вакцината за Ковид-19 во Македонија ќедојде до крајот на годината

181

Вакцината за Ковид-19 во земјава се очекува да пристигне кон крајот на оваа или почеток на следната година. Разни компании кои работат на вакцината и имаат различни цени за една доза. Цената на „Модерна“ за една вакцина се движи од 32 до 37 американски долари, а се продава во мали количини. Ова значи дека за 800 илјади дози земјава ќе треба да потроши 28 милиони долари.

Но, има фармацевтски компании кои понудиле и цена од 4 до 20 долари. Доколку е со просечна цена од 10 долари за една вакцина, тогаш земјата за потребната количина ќе треба да потроши 8 милиони долари.

Првин ќе се вакцинираат здравствените работници, потоа луѓето над 65-годишна возраст, а потоа младите со хронични болести. Инаку, Владата преку ЕУ обезбеди и дополнителни количини на лекот „Ремдесивир “, кој се користи за третирање на пациенти со коронавирус. Како што велат од МЗ, Европската Комисија потпишала договор со фармацевтската компанија „Gilead“ за набавка на 500.000 дози од овој лек.