ВИДЕО: Аеродромски работник украл празен патнички авион во Сиетл, па се срушил со него !

0
96

Аеродромски работник украл празен патнички авион од хангар во Сиетл, по алармот следела интервенција на два борбени авиони

раматични часови во американската метропола на Западниот брег, Сиетл: 29-годишен аеродромски работник од меѓународниот аеродром во Сиетл синоќа украл празен патнички авион и полетал без дозвола со него. Кратко потоа тој се урнал на слабо населениот остров Кетрон, во државата Вашингтон.

Полицијата исклучи терористички мотиви, грабнувачот очигледно имал намера да се самоубие. По ненајавеното полетување, активирани биле два борбени авиони од типот Ф 15, но тие не учествувале во падот на авионот, соопшти полицијата, исто како и авиокомпанијата Алјаска Ерлајнс, на која ѝ припаѓа украдениот авион.

29-годишниот аеродромски работник по потекло од Пирс Кантри имал психички проблеми, а името ќе биде соопштено по утврдувањето на идентитетот со помош на ДНК.

https://www.youtube.com/watch?v=2cI1iaSXpjs

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here