ВИДЕО: Баба во Америка прв пат гласала на избори, па потоа починала !

0
46

Осумдесет и двегодишната Грација Лоу Филипс од Тексас на американските избори за Конгрес гласала за прв пат во животот, па откако го сторила тоа, починала.Излегла да гласа иако била тешко болна.Откако гласала, гордо ја покажала налепницата на која пишува „гласав“.Четири дена откако го дала својот глас, починала.

– Долго веруваше дека нејзиниот глас не значи ништо. Последниве години го смени мислењето. Во болницата се распрашуваше дали и како може да гласа. Во четвртокот ја однесоа до локалната црква. Седеше во автомобилот, а службениците од избирачкото место дојдоа да и дадат гласачко ливче. Беше толку среќна и горда, веднаш се пофали – рекол нејзиниот зет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here