ВИДЕО: Блиска средба на руски ловец со американски извидувачки авион !

Дежурната контрола за летови над меѓународните води забележала неидентификувана воздушна закана во близина на неутралните води на Црното море, која се доближувала до воздушниот простор на Руската Федерација.

0
42

Ловецот Су-27 полетал од најблискиот аеродром и и се доближил на метата која е идентификувана како извидувачкиот авион „ЕP-3Е ’Ares’ на американската Морнарица“, соопштуваат од руското министерство за одбрана.

Американската морнарица пресретнувањето на својот авион го нарекла “безбедно и непрофесионално“.

Средбата на двата авиона траела околу 25 минути, а рускиот „Сухој“ прелетал пред американскиот за потоа посадата на американскиот авион да искуси турбуленции во текот на летот.

„Су-27“ и втор пат прелетал пред авионот на американската Морнарица под полна брзина и предизвикал вибрации кај американскиот авион.Официјални претставници засега не успеале да проценат колку блиску се доближил рускиот авион, ниту дали бил наоружан.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here