ВИДЕО: Британка добила две години затвор, оти сакала да отвори врата на авион за време на лет и да ги убие сите !

642

Британката која се обидела да отвори врата на авион за време на лето, денес е осудена на две години затвор, јави Си-Ен-Ен.Клои Хаинс (26) патувала од Лондон до Даламан во Турција минатиот јуни кога екипажот и другите патници ја спречија да ја отвори вратата на авионот.

Од авиокомпанијата Jet2.com, на чиј лет се случил инцидентот соопштија дека и забраниле да лета со нивните авиони до крајот на животот.

За време на судењето, за Хаинс се утврдило дека била под дејство на алкохол и дрога додека патувала и не се сеќавала на инцидентот. Таа се изјасни за виновна за загрозување на безбедноста на патниците во авионот и напад врз член на екипажот. Во авионот имало 206 патници. Хаинс за време на инцидентот викала дека сака да умре и дека ќе ги убие сите.