ВИДЕО: Ветераните на УЧК по втор пат добија хашки досијеа на сведоци против нив !

137

Нови досиеја за воени злосторства се испратени до Организацијата на ветерани (ОВЛ) на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

Според претставници на ОВЛ-ОВК, лицето што го донело вториот пакет со досиеја не е истото како и во првиот случај. Велат дека тие се обиделе да го запрат, но не успеале.Според претседателот на ОВЛ-ОВК, Хисни Гуцати, досиејата кои се на српски и на англиски јазик биле и докази за соработка на специјалните обвинители со Србија.

Од оваа организација, исто така, рекоа дека лицето што ги донело овие досиеја им рекло дека во наредните денови ќе донесе и други материјали.Службеници на Специјалното обвинителство биле во просториите на ОВЛ-ОВК, каде што ги добиле материјалите што беа доставени вчера до оваа организација.

Предавањето на досиејата е извршено по совет на адвокатот Том Гаши, кој е овластен адвокат на ОВЛ-ОВК.