ВИДЕО: Владата на Австралија со 50 милиони долари ќе ги спасува загрозените видови животни од пожарите !

563

Австралиската влада денес определила 50 милиони долари за итниот програм за помош на дивите животни, по пожарите кои во таа земја довеле до еколошка катастрофа која се заканува со уништување на неколку видови, вклучувајќи коали и валабии.

Огромните пожари уништиле повеќе од 11,2 милиони хектари, што е површина еднаква на половина Велика Британија.

Некои проценки велат дека дури милијарда животни, вклучувајќи и стока, домашни животни и домашни миленици, настрадале во пожарите или им се заканува опасност поради недостиг на храна и засолништа.Австралискиот огранок на Светскиот фонд за природа WWF ја советувал владата за 13 животни чии домови се уништени или тешко оштетени, меѓу кои критично се загрозени жаби, птици и мочуришни папагали.

Меѓу загрозените животни се и коалите на југоистокот, кенгурите, црните какадуа, западните мочварни папагали и малиот кенгур валаби.