ВИДЕО: Воз излетал од шините во Србија, а во него имало само еден патник – Повреден машиновозачот !

170

Машиновозач на патничкиот воз на релација Краљево – Рашка е полесно повреден утринава откако предниот дел од возот се лизнал од колосекот по удар во карпа, соопштуваат од Инфраструктурната железничка на Србија. Во возот бил еден патник и кондуктер кои не се повредени.

Карпа од околу пет кубни метри паднала од блискиот рид на патеката, а железничкиот сообраќај на тој дел од железницата во моментот е во прекин.