ВИДЕО: Во Бразил крокодили на плажа, во Австралија, кенгури на улица !

129

Луѓето може да останат дома за време на пандемијата на корона вирусот, но тоа не важи за животните.

Полицијата во Аделаид, еден од најголемите градови во Австралија, постави на Твитер видео во кое се гледа кенгур како скока низ центарот на градот и во шега напиша: „Офицерите за безбедност го проследија осомничениот облечен во сиво крзнено палто низ срцето на #Аделаида ЦБД. Последен пат беше виден пешки како се движи кон Вест Парклендс“.

Снимката е од неделата и е снимена во јужната австралиска престолнина, кога бил забележан кенгур како скока низ пустите улици во центарот на градот. Аделаида не е мал– овој крајбрежен град има повеќе од 1,2 милиони жители.