ВИДЕО: Во Мексико 11 луѓе пронајдени голи и врзани за бандери !

Минатата недела во полицијата во мексиканскиот град Пуерто Виљарта биле пријавени 11 случаи на врзување на голи луѓе за бандери.

0
180

За случаите да бидат уште почудни, сите на косата имале избричено буква “R”. Уште не се знае кој стои зад нападите, додека жртвите одбиваат да зборуваат.

Полицијата, реагирајќи на бизарните пријави, открила модринки на задниците на четворица од врзаните мажи. Кога почнала истрагата, почнале да се појавуваат нови вакви случаи.Од сите жртви проговорил само еден маж, велејќи дека непознати луѓе ги киднапирале пред неговата компанија и го претепале.

Останатите не сакале да ги откријат имињата на напаѓачите или тврделе дека не се сеќаваат на ништо, а еден од нив побегнал кога бил одврзан.

Без сведочења и други траги, полицијата засега може само да претпостави дека врзаните мажи се крадци фатени на дело и оставени од страна на група одмаздници за да им служат како пример на другите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here