ВИДЕО: Во Приштина ограбиле банкомат со експлозив !

78

Портпарол на косовската полиција, Агрон Боровци, потврди дека била ограбена банка во Приштина, откако разбојниците разнеле банкомат со експлозивна направа, објавија приштинските медиуми. Боровци за порталот изјави дека во моментов се работи на откривање на осомничените.

-Врз основа на првите резултати од истражната група која го истражува случајот, се сомнева дека разбојништвото е сторено со оштетување на банкоматот на банката, со експлозивна направа, по што осомничените избегале од местото на настанот. Во еден момент пукале кон чуварот на банката, но за среќа, никој не е повреден во инцидентот, рече Боровци.